ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Свеста за рециклирање на пластика, на ниско ниво

Свеста за рециклирање на пластика, на ниско ниво

Свеста за рециклирање на пластичните шишња се уште не е на ниво на европските земји. Иако има апарати за собирање на пластика, цеата која се исплаќа за шише е минимална а ретки се локациите на кои има контејнери во кои отпадот може да се селектира.

Advertisements

Кога станува збор за рециклирање, граѓаните се самокритични. Тие велат дека се уште е потребно време за да се подигне јавната свест дека секоја фрлена пластика може да се рециклира и повторно да се користи за одредена цел.

Според Комунална хигиена Скопје, доколку отпадот не се одвојува правилно, тој се транспортира до центарот за селекција на отпадот на Комунална хигиена Скопје, каде работниците потоа одвојуваат стакло, пластика, хартија и лименки. Откако сето ова ќе се одвои, потоа се продава на лиценцирани компании за рециклирање. Според Комунална хигиена, контејнерите наменети за селектирање ги користат граѓаните, но ситуацијата на терен го кажува спротивното. Контејнерите или не се функционални или се преполни со друг отпад кој не се одвојува за рециклирање./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button