ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

СВЕТ Бугарското МНР го повика на консултации во Софија амбасадорот Ангелов

Бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) го повика амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во Софија, објави Министерството на својата веб-страница.

Причината за неговото привремено враќање во земјата, како што посочуваат од бугарското МНР, е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола во јуни 2022 година, трите напади на зградата на клубот „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, бруталниот напад на 19 јануари 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, како и донесувањето на дискриминаторскиот закон за фондации и здруженија во Северна Македонија во ноември 2022 година.

„Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“, стои во соопштението на бугарското МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button