
Силни експлозии утринава се слушнале во Тел Авив и во Ерусалим, пренесуваат светските агенции.
Експлозиите се случиле откако сирените за воздушен напад се огласиле во неколку делови од Израел, а војската предупредила за дојдовни ирански ракети.
Војската преку соопштение вели дека воздухопловните сили оперативно дејствуваат за пресретнување ракети каде што е потребно за да се елиминира заканата.
Оттаму до луѓето упатуваат апел да продолжат да ги следат упатствата на Командата на домашниот фронт.
„Пред кратко време, сирените се огласија во неколку области низ Израел по идентификувањето на ракети лансирани од Иран“, се додава во соопштението.
Подоцна израелската војска издаде ново предупредување дека во одредени делови е можно да се излезе од заштитетната зона.