Светиот крст во Скопје посветен на сите учесници во церемонијата за Богојавление

Низ Македонија денеска се слави православниот празник Богојавление, односно Водици. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. На традиционалната манифестација што се одржа во Скопје на Вардар, овојпат немаше традиционално скокање по крстот, туку капачите се договорија крстото да го подигне оној до кого ќе го донесе водата, а потоа го вратија во црквата без награда.
„Се одрековме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден“, порачаа капачите.
Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.