МАКЕДОНИЈА

Светлан Стоев: Техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придружува кон досегашните позиции на Софија во однос на Скопје

Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Advertisements

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи  истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

-Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

Според него не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button