ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та

Раст од 2,6 проценти  на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан. Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година има зголемување од 0,1 процентен поен кај  македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година.

Advertisements

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата надворешна побарувачка и економската несигурност која произлегува од менувањето на глобалните трговски политики што би можело негативно да влијае врз бизнисите и довербата на потрошувачите.

Светска Банка предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија ќе достигне 3,2 проценти во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button