МАКЕДОНИЈА

Светски ден на детето, Меѓаши: Да го слушнеме гласот на децата!

И оваа година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, им го отстапи просторот на децата самите да проговорат и да го одбележат нивниот ден – 20-ти ноември, Светскиот ден на детето.

Во изминатите две години, во услови на пандемија, без можност за работа во живо, Меѓаши во континуитет работеше со група деца на повеќе работи – од истражување на национално ниво за испитување на мислењето на децата за тоа колку се почитувани нивните права, пишување на извештај за состојбата со правата на децата што го одбранија пред членови од Комитетот за правата на детето при Обединетите нации, се до обмислување и спроведување нивни проекти во нивните училишта.

На овој ден децата самостојно одлучија и одбраа да говорат за теми важни за нив: нивното ментално здравје за време на пандемијата на Ковид-19, проблемот што секојдневно го гледаат на улиците – децата на улица, насилството и дискриминацијата, но и за проблемите во образованието.

За време на ковид-19 долго време поминале во своите домови, дружејќи се со нивните родители, одмориле … Но најважното нешто – дружбата со пријателите, слободните прошетки надвор, собирите со другарчиња не биле во состојба. Целиот нивни живот се промени. Постојано беа дома, часовите ги одржуваа online. А најчестите проблеми со кои се соочија, како што наведоа се: зголемениот број деца на улица, проблеми во семејството – многу родители останале без работа, проблеми со менталното здравје, притисок од наставниците, стравот од вирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button