ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Светски ден на слободата на медиумите

„Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ е мотото под кое денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1993 година и секогаш на 3 мај. Целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.

Во пораката на ОН по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, се истакнува дека и три децении по прогласувањето на овој ден, слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и слободата на изразување се повеќе се на удар, што влијае на остварувањето на другите човекови права.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button