СПОРТ

Светскиот рекордер за јуниори, казнет со четиригодишна суспензија

Исам Асинга, атлетичар од Суринам, е казнет со четиригодишна суспензија поради прекршување на правилата за допинг. На момчето, кое има само 19 години, му беа одземени и златните медали на 100 и 200 метри, кои ги освои на јужноамериканското првенство минатата година.

Тој го собори и светскиот рекорд за јуниори, откако во 2023 година во Сао Паоло ја запре стоперката на 9,89. Суринамецот беше привремено суспендиран во август минатата година кога беше позитивен на забранети супстанци само еден месец откако го постави светскиот рекорд. Сега тој доби и официјална казна. Интересно е што Асинга се бранел со тезата дека е позитивен затоа што јадел „заразени“ слатки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button