ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Светските и регионалните медиуми информираат за трагедијата во Кочани

Светските и регионалните агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица.

Advertisements

Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми

Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на македонското МВР, јави дека „51 лице загина во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија, а повеќе од 100 се повредени“.

Агенцијата прецизира дека пожарот избувнал околу 3 часот (2 часот по Гринич) за време на настапот на бендот ДНК, хип-хоп дуо популарно во земјата. На концертот, пренесува британскиот јавен сревис, присуствувале дури 1.500 луѓе.

Локалните медиуми наведуваат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства, а снимките покажуваат дека искри од бината стигнуваат до таванот пред брзо да се рашират.

Германската агеција ДПА засега само кусо ја пренесува веста на МИА дека во пожарот во ноќниот клуб во Кочани има најмалку 50 загинати.

Американската Асошиетед прес го цитира министерот за внатрешни реаботи Панче Тшковски кој пред новинарите во Кочани изјави дека во пожарот има 51 загинато лице и уште десетици повредени

„Во големиот пожар што избувна рано утринава во ноќен клуб во јужниот град Кочани во Северна Македонија загинаа 51 лице, а околу 100 се повредени“, изјави министрот Тошковски на прес-конференција.

АП, цитирајќи го Тошковски, пренесува дека „пожарот започнал околу 02:35 часот, за време на концерт на локална поп група“.

Членови на семејствата се собрани пред болниците и градските канцеларии во Кочани и ги молат властите за повеќе информации.

И АФП ја користи првичната веста на МИА за пожарот, најавувајќи дека „најмалку 50 загинати во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија“.

Агенцијата објави дека пожарот избувнал во „Пулс“, ноќен клуб во малото гратче со околу 30.000 жители за време на концерт на ДНК, хип-хоп дуо популарно во земјата.

На концертот кој започна на полноќ во неделата присуствуваа главно млади луѓе.

Локалните медиуми ја пренесуваат информацијата дека пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства.

За трагедија во Кочани утринава редовно известуваат и хрватска Хина, српските агенции Бета и Танјуг, бугарска БТА, црногорска Мина…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button