
Најмасовното издание на Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во Соединетите Американски Држави. Ждрепката за турнирот ќе се одржи на 5 декември 2024 година. На турнирот ќе учествуваат дванаесет клуба од Европа, шест од Јужна Америка, пет од Северна и Централна Америка, четири од Азија, четири од Африка и еден од Океанија.
Бразил ќе има четири претставници, најмногу од која било земја. Аргентина, Англија, Италија, Германија, Португалија, Шпанија и Мексико ќе имаат повеќе од еден клуб. Учесници од Европа се: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Интер, Јувентус, Пари Сен Жермен, Бенфика, Порто и Салцбург.
Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, Ривер Плата и Бока Јуниорс доаѓаат од Јужна Америка. КОНКАКАФ ќе го претставуваат Монтереј, Клуб Леон, Пачука и Сиетл Саундерс. Азиски претставници се Ал-Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал-Аин и Улсан Хјундаи.
Африка ќе ја претставуваат Ал-Ахли, Вајдад Казабланка, Есперанс де Тунис и Мамелоди Сандаунс. Оукленд Сити ќе ја претставува Океанија, додека Интер Мајами е претставник на домаќинот на турнирот.