СПОРТ

Светското првенство до 17 години, Македонија со двајца борачи во Јордан

Само што завршија Олимписките игри во Париз, а веќе следат големи натпреварувања во повеќе спортови. Идните олимпијци во борење имаат предизвик во Светското првенство за борачи до 17 години. Македонија ќе настапи со двајца борачи на шампионатот во Аман, Јордан.

Advertisements

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат Леон Манов (45 килограми) и Омер Мемеди (80 килограми).

Целта е да ги остварат резултатите со кои се пријавени, а нивниот пласман во многу нешта ќе зависи од ждрепката и противниците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button