ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СВР Тетово препорачува – без зимски гуми да не се патува на Попова Шапка и да се користи јавен превоз

СВР Тетово препорачува – без зимски гуми да не се патува на Попова Шапка и да се користи јавен превоз

На состанокот е договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово – Попова Шапка и обратно.

Advertisements

СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button