ВЕСТИЗДРАВСТВО

СЗО: Бројот на заразени со коронавирус во светот минатата недела опадна за 10 отсто

Повеќе од 3,3 милиони нови случаи на коронавирус и над 55 000 смртни случаи се регистрирани во светот минатата недела, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Advertisements

Во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева, се заклучува дека бројот на нови случаи и смртни случаи се намалил за 10% во споредба со претходната недела.

Во периодот од 20 и 26 септември, според СЗО, има нешто повеќе од 3,3 милиони случаи и над 55 000 смртни случаи. Минатата недела, регистриран е пад на инциденцата на нови случаи во Источниот Медитеран за 17 проценти, на Западниот Пацифик за 15 проценти, Јужна и Северна Америка за 14 проценти, Африка за 12 проценти и Југоисточна Азија за 10 проценти.

Во исто време, бројот на случаи во Европа остана на исто ниво, како и во претходниот седумдневен период.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата до 28 септември, во светот се регистрирани вкупно 232 075 351 случаи на ковид-19 и 4 752 988 смртни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button