СВЕТ
СЗО: Гладот се заканува да има трајни последици врз генерации деца во Газа

Стапките на неухранетост во Појасот Газа драстично се зголемуваат, а гладот се заканува да остави трајни последици за цела генерација деца, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Претставникот на СЗО за окупираната палестинска територија, Рик Пеперкорн, изјави дека видел деца во клиниките кои изгледале значително помлади од нивната вистинска возраст, објави Ројтерс.
Тој предупреди дека, без доволно храна, чиста вода и пристап до здравствена заштита, постои сериозен ризик од трајно нарушување на здравјето, застој во растот и намалени когнитивни способности.