ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

СЗО кажа дали зголемувањето на бројот на заразени од ковид-19 во Кина ќе има влијание врз Европа

Зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Кина не треба да има „значително“ влијание врз Европа, бидејќи варијантите што циркулираат таму веќе се присутни во европскиот регион, соопшти денеска Светската здравствена организација. „На се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката состојба на ковид-19 во европскиот регион“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.

Advertisements

Тој ги повика европските земји да преземат само „соодветни и недискриминаторски“ мерки против патниците од Кина. Кинеските болници се преплавени од огромен пораст на случаи откако Пекинг почна да ги намалува строгите контроли што ја торпедираа економијата и предизвикаа протести низ целата земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button