СЗО: Ништо од идејата за брза и масовна вакцинација, ќе треба да се причека до 2022

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминанатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против вирусот корона.
Таа рече дека мнозинството се согласува оти прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и меѓу нив треба да се утврди кој е под најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица.
– Здрава млада личност можеби ќе треба да почека до 2022 година – рече Сваминаната, пренесува Гардијан.
Таа предупреди дека и покрај тоа што бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, расте бројот на пациенти кои се сместени на одделите за интензивна нега.
„Зголемувањето на смртноста секогаш заостанува зад зголемувањето на бројот на случаи на инфекција за неколку недели“, објасни Сваминатан.