ВЕСТИЗДРАВСТВО

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид птичји грип кај луѓето

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од поттип на птичји грип.

Како што наведуваат од СЗО, на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареја, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските медиуми.

– Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе со инфекција од птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни – се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на поттип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

Извор: Ројтерс

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button