ВЕСТИСВЕТ

СЗО повторно аларамира за опасноста од ширење на заразни болести во Газа

Светската здравствена организација (СЗО) аларамира за зголемено ширење на заразни болести во Газа поради големата концетрација на луѓе на мал простор, контаминираната вода и слабиот пристап до хигиенските установи во екот на војната меѓу Израел и Хамас, пренесува „Гардијан“.

Advertisements

Во соопштението на СЗО се наведува дека од средината на октомври годинава повеќе од половината од пријавените 33 551 случај на диејареа се меѓу деца на возраст под пет години.

Според меѓународната организација, станува збор за значително зголемување во споредба со околу 2 000 вакви случаи случаи на месечно ниво кај деца под пет години забележани во текот на 2021 и 2022 година.

Оштетените системи за вода и канализација, како и намалените средства за чистење во здравствените установи, го прават речиси невозможно одржувањето на основните мерки за превенција и контрола на инфекции.

Ваквите услови, се наведува, значително го зголемуваат ризикот од инфекции кои се должат на траума, операција, нега на рани и породување, на кои се изложени и здравствените работници.

„Недоволната лична заштитна опрема значи дека самите здравствени работници можат да и да пренесуваат инфекции додека обезбедуваат грижа за своите пациенти. Управувањето со медицинскиот отпад во болниците е сериозно нарушено, што дополнително ја зголемува изложеноста на опасни материјали и инфекции“, се наведува во соопштението на СЗО.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button