ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тачи: Четири дена давав информации за мојата улога во војната


Алсат
17.07.2020 09:21
Косовскиот претседател Хашим Тачи при напуштањето на зградата на Специјалното обвинителство во Хаг по вчерашното осум часовно сослушување рече дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство.
„Многу сум задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена, јас бев во можност да дадам информации за мојата улога и моите одговорности за време на војната“, изјави Тачи, додавајќи дека останува на обвинителите и судиите да одлучуваат непристрасно.