ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тачи не одговори дали ќе го поддржи Гаши за претседател на Собранието

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, истовремено дел од Европскиот фронт, во пресрет на конститутивната седница на Собранието, на новинарско прашање дали ќе го поддржи Африм Гаши за функцијата претседател на Собранието, не даде одговор. Запрашан дали е во координација со ДУИ, тој кратко рече.
„Оставете го ДУИ, Европскиот фронт, Европскиот фронт“, кратко рече Тачи.