ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тахири: Суштински реформи нема 30 години

Професорот Сефер Тахири кој беше гостин на вестите на Алсат вели дека одговорноста за критиките во Извештајот на ЕУ е на политичарите кои 30 години не спроведоа суштински реформи. Наместо тоа, институциите се доведени на ниво во кое ниту еден граѓанин кој не е партиски определен, да не верува во нив.

Advertisements

„Не ни требаат извештаи на Европската комисија, или на некоја друга кредибилна организација, за да се согласиме дека реформите во РСМ во многу области се во регрес. Значи немаме примена на суштинските реформи кои ќе го трансформираат правниот систем, со посебен акцент на судскиот систем, немаме реформи кои покажуваат дека судството се деполитизира, фактички имаме политизирано судство, кој е под диктат на политиката, под притисок на разни фактори, што подразбира за жал дека системот не е поставен на страната на правдата и на граѓаните, на јавниот интерес, туку и натаму брани разни интереси кои се парцијални, а кои се однесуваат на поврзаноста со власта, разни сегменти на бизнисот, или олигарсите, или други фактори. Лошото од нереформирањето на системот, е што граѓаните ќе немаат причина да кажат дека ова земја нуди добар живот. Несреќата на ова земја се политичарите кои за 30 години ги довеле институциите на ниво, во кое ниту еден граѓанин, кој не е партиски определен, или нема клиентелистички интереси, не верува на овој систем. За борбата против корупцијата, таа е само декларативна, имаме ДКСК која успеа да ги избере членовите на јавен конкурс, но резултати нема. Ова е доказ дека политиката, партиите, власта и натаму е главен фактор кој ги наметнува општествените, државните текови итн. мислам дека ова граѓаните на земјава тоа не го заслужуваат“ рече Тахири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button