

Алсат
07.04.2020 08:21
Француската кујна се смета за една од најдобрите во Европа. Освен оригиналните рецепти, Французите имаат уште неколку тајни околу исхраната.
Локален сезонски производ – најдобар производ
Французите купуваат од зелените пазари, па, се разбира дека храната што ја консумираат е сезонска и најчесто е произведена во околината на Франција. Јадењето одреден вид храна во одреден дел од годината не е само традиција, туку начин на живеење.
Минимална употреба на зачини
Вкусот на традиционалните француски рецепти доаѓа од состојките од кои се направени и од комбинациите со другата храна со која се сервираат. Тие не користат премногу зачини. Се знае кое јадење со каков додаток оди, затоа нема многу потреба од сол или други зачини. Храната и без нив е доволно вкусна.
Мастите се вашиот пријател
Французите никогаш не размислуваат дали во храната има масти или не, а сепак се едно од најздравите општества во Европа. Тајната е во тоа што користат масти кои се добри за организмот. На југот на земјата главно се користи маслиновото масло, а северниот дел преферира путер, но ги консумираат во умерени количини и произведени и приготвени на вистинскиот начин.
Јадете свежа и природна храна
Французите не се потпираат на однапред подготвена храна која подоцна ја топлат во микробранова печка, ниту пак сакаат брза храна. Како што спомнавме, тие често се на зелените пазари од каде што купуваат свежа и природна храна од која потоа ги готват јадењата, а тоа е една од многуте работи кои ги прави горди и среќни.
Секој оброк е празник
Покрај тоа што на работа поминуваат само по седум часа дневно, Французите можат да уживаат и во едночасовна пауза за ручек. Тоа покажува колку оброците се важни за нив. Тие се вистински празник. Сите се собираат околу масата на долготраен ручек кој започнува со предјадење, па продолжува со главното јадење, сирењето, десертот и на крај кафето. Тоа е период кога буквално сите институции се затворени. Французите сметаат дека ручекот треба да се изеде во мир и без брзање.