ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таксата за увоз на прехранбени производи ќе биде 5%

Таксата која ја плаќаат трговците кои увезуваат прехранбени стоки во Македонија, од март ќе изнесува пет отсто. Државата се обидува да најде нови механизми за превенција од дополнителен ценовен шок.
Во Министерството за економија веќе биле предвидени работни групи кои анализираат како да се постапи по мерката замрзнување на цените која важи во крајот на февруари. Во моментов десетина основни прехранбени производи како леб, брашно, јајца, млеко, месо се продаваат по замрзната цена која не смее да се менува заклучно со последниот ден од овој месец.