ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таксисти: Еколошки возила се скапи

Поскапувањето на такси услугите во Тетово беше одлично прифатено од таксистите, но оваа радост не траеше долго, бидејќи општината издаде наредба за исполнување на одредени услови за работење такси. Меѓу нив, и обврската автомобилите да се еколошки, но и да имаат регистрирана фирма. Ова предизвика реакција на таксистите, но од општината велат дека неисполнувањето на овие услови ќе резултира со казни, па дури и одземање на автомобилот.

„Меѓу главните услови е секое претпријатие или физичко лице да има најмалку регистрирана фирма, автомобилот да е во добра техничка состојба, бела боја и автомобилот да е еко 5“, изјави Мемет Јонузи Раководител на секторот за јавни дејности

Таксистите велат дека со овие услови голем број од нив ќе останат без работа, поради неможноста да ги исполнат.

„Ние немаме, таксистите немаат за Еко 5, десет илјади евра кола треба да имам,од каде да најдам пари.., Таксист

„Не знам, не знам што да кажам, не можеме да ги одржуваме овие коли како што бара општината. Цел ден работиме за десет евра, тоа е се. Условите се многу тешки, општината добро што бара, но не можеме да стигнеме. Подобро да ја напуштам оваа работа, бидејќи не можам да преживеам, имам десет казни.

Приватните таксисти поднесоа дури и петиција со која бараат општината да ги олесни мерките.

“Собравме потписи, ќе ги доставиме до општината и ако ги прифатат, ќе биде во ред. Ќе платиме, за да не останеме без работа, бидејќи вака ќе останеме без работа“.

„Во Тетово во моментот има околу 400 возила кои даваат такси услуги, додека, според општинската и полициската статистика, само 70 автомобили се лиценцирани  кои ги исполнуваат условите, додека уште стотици други продолжуваат да работат во црно без да ги исполнат условите”, изјави новинарот на Алсат, Башким Сулејмани

За такси услугата сопствениците треба да плаќаат по 1000 денари годишно за автомобилот и 3000 денари за лиценцата која ќе има рок од 4 години. /Алсат.мк

Башким Сулејмани 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button