ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери го доби ревидираниот список, седницата останува за утре во 11 часот

Fatlume Dervishi

Advertisements

Информацијата за повлекување на 17 пратеници од барањето за гласање на недоверба на Владата е прифатена од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. За тоа се информирани и медиумите. Списокот со 17-тте пратеници, од вкупно 61 потпишани на првичната иницијатива, го испрати и кабинетот на спикерот. Со ова се расчистија сите дилеми од текот на денов според кои постоеше можност за одложување на седницата закажана за утре. Таа, сепак ќе се одржи според планираното, односно утре во 11 часот. Расправата и гласањето треба да завршат до полноќ. Потребен е кворум за почеток на седницата, а двајца пратеници од опозицијата се очекува да се приклучат дури во моментот на гласање, бидејќи имаат одлука за изолација. Премиерот Зоран Заев синоќа по состанокот на партиските тела одлучи да ја одложи оставката.

Но, Заев немаше ваков став ноќта на 31 октомври по вториот круг избори. Тој тогаш рече дека поднесува оставка и оти во наредниот период ќе помага да се реорганизира Владата.

До кога може да се одлага оставката на Заев засега не се знае.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button