Талат Џафери ја презеде функцијата технички премиер
Талат Џафери ја презеде функцијата технички премиер

Уставните измени остануваат приоритет на техничката Влада, иако тие повеќе не зависа од извршната власт, туку од Собранието, поточно од политичките партии во законодавниот дом. Техничкиот премиер Талат Џафери при денешното преземање на должноста изјави дека Владата останува посветена на иницијативата започната во август минатата година.
„Ние стоиме како Влада зад таа иницијатива што е започната од минатата година. Сега веќе не зависи од волјата на Владата, туку зависи од комуникацијата на политичките субјекти, обезбедување на консензус за 2/3 од гласовите и продолжување на процесот“, рече Талат Џафери, технички премиер.
За разлика од изјавата од функција на премиер, Џафери во својство на прв човек на Собранието неколку пати имаше изјавено дека обврска на Владата, поточно на партиите од парламентарното мнозинство и на оние што се застапени во Собрание, останува да се обезбедат 80-те гласови неопходни за уставните измени.
Процедурата застана откако беше затворена расправата за потребата од уставни измени на 18 август 2023 година. До гласање никогаш не дојде. По оваа фаза, законодавецот не е обврзан со рокови, па седницата може да продолжи и по формирањето на новата Влада, доколку таа, до 30 дена по формирањето, соопшти дека останува на претходниот предлог./Алсат.мк
Адриан Керими