ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери од неколку партии бара предлог за нов член на ДИК

Првиот човек на Собранието Талат Џафери до неколку политички партии испрати списокот со пет кандидати чии имиња беа одобрени на конкурсот за нов член на Државната изборна комисија. Треба да се избере еден од нив. Предлог-списокот е испратен до лидерите Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, но и до Скендер Реџепи и Аријанит Хоџа.

Advertisements

„Согласно член 29 став 1 од Изборниот законик во рок од три дена од денот на приемот на ова известување, најдоцна до 18.12.2023 година до 16:30 часот, потребно е писмено да ми се достави предлог за член на Државната изборна комисија од списокот доставен во прилог на Извештајот“, рече Џафери.

Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат од одобрената листа е Абдуш Демири. Но, за тој да биде избран потребен е поширок политички консензус и 80 гласа на пленарна седница. Партијата на Аријанит Хоџа и партијата на Скендер Реџепи засега не најавија дека планираат да предложат свој кандидат.

ДИК од февруари работи со еден член помалку. Како што наближуваат изборите во април и мај, секогаш е важно пополнувањето на празното место, вели првиот човек на оваа институција Александар Даштевски во интервју за Алсат.

Местото во ДИК остана празно во февруари кога во Владата влезе Алијанса за Албанците, а министер стана Кренар Лога, кој дотогаш беше член на оваа институција.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button