Талат Џафери подготвен да свика лидерска средба за изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека е подготвен да свика лидерска средба само доколку лидерите на политичките партии се подготвени за средба на која ќе се разговара за датумот на претседателските и парламентарните избори. Џафери изјави дека датумите за изборите треба да бидат согласно законот и Уставот, но според него, има простор за промена до крајот на годинава. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски минатата недела побара лидерска средба затоа што смета дека Македонија ќе влезе во уставна криза меѓу претседателските и парламентарните избори.
„Мислам дека е посоодветно да се прашаат лидерите на политичките партии дали би одговориле на евентуална покана и од тоа зависи целата понатамошна процедура. Посоодветно би било прво да се има информација за волјата на лидерите да дојдат во Собранието“, рече Џафери.