ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери со коментар за албанската паралелка во Чашка

Продолжуваат протестите против настава на албански јазик во Чашка. И денеска влезот и излезот на општината е блокиран од демонстранти кои не им дозволуваат ни на учениците Албанци, ниту Македонци, ниту пак на вработените да влезат во ОУ „Тодор Јанев“ од оваа општина. Наставникот во албанската паралела во Чашка вели дека учениците Албанци од класот често го прашуваат кога ќе им почне наставата.

Advertisements

„И денеска не можам да одам на работа поради блокирање на влезот и излезот на општина Чашка. Што им велите на учениците кои прашуваат кога ќе започне наставата? Учениците прашуваат, но немаме одговор. Им велиме ќе биде. И ова ќе помине, но ова што се случува е премногу, го блокираат влезот и излезот и не можеме да одиме на училиште“, вели Бесмир Џафери – наставник на албанска паралела во Чашка.

Блокирањето на образовниот процес за 150 ученици Албанци и Македонци, како и за вработените, го потврди и директорот на училиштето. Вели дека и денеска поради протестите и блокадата на патот образовниот процес не може да продолжи.

За проблемот во Чашка техничкиот премиер Талат Џафери рече дека треба да се применуваат правилата и постапките со кои се утврдуваат или санкционираат одредени права. Но, Џафери рече дека без да се види состојбата, што е досега направено, не може да каже што ќе се прави.

„Без да се види состојбата што е досега направено, по кој пат тргнале, не може да се каже што ќе се прави. Но, прогноза за целата ситуација и проценка на правната состојба ќе биде законската разрешница што е предвидено и санкционирано со закон и устав“, рече Џафери.

Уставот го гарантира правото на настава на мајчин јазик во основното и средното образование, но институциите веќе четири месеци не можат да го овозможат тоа. Родителите апелираа до институциите да најдат решение за тензичната состојба во Чашка, бидејќи како што рекоа, секој изгубен ден во образовниот процес е штетен за учениците.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button