ЕКОНОМИЈА
Талевски: Блок тарифите за струја слични на концептот за прогресивен данок

Универзитетскиот професор Рубин Талевски во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат се обиде да го објасни тарифирањето на струјата според новите блок тарифи. Говорејќи на темата тој рече:
„Ако цената, по ново, во ниска тарифа е 1, во четвртиот блок цената ќе биде трипати поголема. Сегашниот однос на цени, помеѓу ниска и висока е 1:2. Ако имате 421 КWh, плаќате 210 по цена од прв блок, од 210 до 420, уште 210 по цена за втор. 1 KWh ќе ви остане за трет и него ќе го платите по цена од третиот блок. Концептот е сличен како кај прогресивниот данок“, рече Талевски.