МАКЕДОНИЈА
Талевски: Генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ си ги признаа кривичните дела

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ пред судот си ги признале кривичните дела за кои се товареле иако партијата отфрлала дека во отворените случаи има кривично дело.
„Она коешто е факт е дека поранешното цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ коешто е опфатено со сите постапки, ги признаа кривичните дела коишто ги правеле. Во неколку предмети има јавно признание на претходните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, дека она коешто го признале во судската постапка, кажале дека направиле кривично дело“, рече Талевски.