ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Таравари: 10 пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што додаде тој повеќе нема потреба за испраќање на пациенти во други држави бидејќи нивната состојба е стабилна.
„Денеска ја отворивме и темата за враќање на пациентите во земјава од идната недела, имаме најави од одредени држави дека пациентите веќе се движат, за да подготвиме протоколи какво ќе биде нивното враќање“, рече Таравари.
Како што кажа Таравари, 115 пациенти се лекуваат надвот од државава. Покритична е состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Грција и тројца во Словенија. Состојбата на останатите е стабилна, а дел се екстубирани, односно дишат самостојно.