Таравари денес на состанок со членовите на партијата во Куманово
Таравари денес на состанок со членовите на партијата во Куманово

Една недела откако премина во опозиција, Арбен Таравари, слично како и пред една година кога го одржа Собранието за да каже „Да“ за коалицијата со ВЛЕН, вечерва се враќа во истата сала во Куманово. Во соопштението објавено од АА се повикува на средба на кој ќе се избере шеф на изборниот штаб. Според најавата, на оваа средба ќе учествува и Арбен Таравари.
Алсат во меѓувреме обезбеди порака од внатрешната комуникација на Таравари со партиските структури, во која самиот Таравари вели дека ќе се одржи партиско собрание бидејќи, според него, 2/3 од членовите на тоа партиско тело го побарале тоа.
„До мене, како претседател на партијата, поднесена е иницијатива од 2/3 од членовите на Собранието на партијата за вонреден состанок на Собранието врз основа на член 64 од статутот на партијата на 23.05.2025 година (петок) во 19:30 часот, што ќе се одржи во салата на поранешниот комитет- Куманово“, се вели на Пораката на Таравар.
Со овој предложен дневен ред:
1. Дискусија за актуелната политичка состојба во земјата
2. Разно
Но, за еден од основачите на AА, Латиф Арифи, состанокот е нелегитимен и антистатутарен. Во интервју за Алсат, тој рече дека само претседателот на партиското собрание, што во овој случај е Арбен Фетаи, може да свика таков состанок.
„Самото собрание што го свика е нелегитимно, нема законска основа да се свика ова собрание бидејќи не е поднесено барање до претседателот на собранието за да го свика. Раководството на партијата треба да го повика претседателот на собранието, да свика собраниска седница, а не да се запостави претседателот на собранието и да прифатите иницијатива кога немате бројки. Ние успеавме да обезбедиме над 1/3 од потписите на членовите на собранието од вкупно 155 со последните два членови, што значи дека имаме над 1/3 и ќе докажеме дека тој нема“, рече Латиф Арифи, AА.
Арифи дури вели дека одлуката на Таравари да ја напушти Владата е нелегитимна бидејќи не добила одобрение од највисокото партиско тело, како што е Собранието. Тој рече дека единствената и конечна одлука на ова партиско тело е АА да биде во коалиција со ВЛЕН./Алсат.мк