ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Таравари: Денеска се испишуваат 12 пациенти од повредените во Кочани, влошена состојбата кај дел од пациентите згрижени во странство

Во болниците во Скопје вкупно се лекуваат 39 пациенти згрижени по трагедијата во Кочани, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што додаде тој, денеска се очекува да бидат испишани 12 од нив.

Advertisements

„Во странство продолжува да бидат 115 пациенти. Имаме една добра вест, најверојатно еден од нив денеска се враќа од Белград за понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба…ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен во една од клиникте во Клиничкиот центар“, рече Таравари.

Како што додаде Таравари, состојбата на 4 до 5 пациенти коишто се надвор од државава и натаму е посериозна и оти кај некои од нив се бележи и влошување.

„Нашите колеги, таму каде што се лекуваат, се обидуваат да дадат максимум од себе за да можат да го поминат овој тежок период за нив“, рече Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button