Таравари: Димитриевски доби многу албански гласови, тој е во изборна еуфорија

Во текот на вчерашниот ден, Максим Димитриевски од ЗНАМ рече дека доколку продолжи да се користи албанското знаме, тој ќе излезе од владината коалиција. Арбен Таравари рече дека Димитриевски е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никој да го попречува, тоа е официјално и за тоа не треба да се разговара.
„Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му попречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи. Максим Димитриевски доби албански гласови кога беше избран за градоначалник на општина Куманово. Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност“, додаде Таравари.