ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари до Ковачевски: Не ја кршете довербата, почитувајте ја законитоста на легитимните одлуки на АА

Претседателот на Алијанса за Албанците преку твит на платформата X (Twiter) упати јасна порака до поранешниот премиер Димитар Ковачевски и неговата партија, повикувајќи го да ги почитува легитимните одлуки на АА.

Advertisements

„Вчера 75 од 141 членови на Советот на Алијансата за Албанците и 17 од 30 членови на нејзиното претседателство ми дадоа јасен мандат да преговарам за предизборна коалиција со албанската опозиција.

Нивната доверба е голема чест и одговорност. Алијансата за Албанците е исто силна и единствена како никогаш досега.

Со загриженост ги следам обидите да се скрши довербата создадена кај поранешниот премиер Ковачевски кога Алијансата за Албанците се жртвуваше со влезот во коалициската влада за да му даде шанса на патот на земјата за членство во ЕУ. Ги повикувам партиите да се однесуваат одговорно и да ја почитуваат законитоста на одлуките донесени од легитимните тела на Алијансата за Албанците“ – пишува Арбен Таравари на Х (Твитер)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button