ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари доби поддршка од 85 членови на Централното собрание на АА

Вечерва 85 членови на Собранието на Алијанса за Албанците ја потпишаа декларацијата за поддршка на партискиот лидер, Арбен Таравари и соработка со албанската опозиција.
Тензиите во Алијансата за Албанците кулминираа по објавата на лидерот Таравари дека на изборите ќе се приклучат кон албанскиот опозициски блок. Од друга страна поранешниот партиски челник Зијадин Села и дел од раководството и од пратениците на АА, сметаат дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.