Таравари: Договорот за новата Влада би можело да биде постигнат следниот петок
Таравари: Договорот за новата Влада би можело да биде постигнат следниот петок

Можен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ би можело да се постигне веќе следниот петок. Од понеделник работните групи ќе ги допрецизираат преговорите за поделба на ресорите. Во моментов не се познати бројот на ресорите и имињата на кадрите кои ќе ги водат. Таравари упати порака до претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, за кого рече дека има информации дека врши притисок врз судиите, потсетувајќи го дека по 15 јуни ќе одговара за своите постапки.
„Верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат за владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите. Во моментов има многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и јас сум голем оптимист дека до петок ќе го имаме конечен договор за идната влада“, рече Арбен Таравари, Вреди.
Но, се чини дека Европскиот фронт сè уште не се согласува со реалноста. Според Бујар Османи, мандатарот за формирање на новата Влада треба да има предвид кој го претставува легитимитетот на Албанците.
На изјавата на Османи реагираше Зеќирија Ибрахими од коалицијата ВРЕДИ. Тој во својата реакција изјави дека малцинствата во Европскиот фронт не го претставуваат легитимитетот на Албанците.
„Легитимитетот на застапеноста на Албанците го даваат Албанците, а не немнозинските заедници. Немнозинските заедници се претставуваат себеси. Затоа, оди во опозиција и научи дека не можеш да се повикуваш на договорите што самиот си ги прекршил и не можеш да се повикуваш на легитимитетот на Албанците кога бегавте од албанците“, рече Зеќирија Ибрахими, ВРЕДИ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред еден ден изјави дека обезбедил мнозинство од 61 мандат, но без да даде повеќе детали. Претседателот на Демократското движење Изет Меџити потврди дека има преговори и со пратеници од Европскиот фронт./Алсат.мк
Адриан Керими