ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Дојде време за Албанец претседател, не технички, туку реално

Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска ја официјализираше својата кандидатура за претседател на државата како кандидат на здружената албанска опозиција, Европскиот сојуз за промени, која ја сочинуваат Демократскиот сојуз, Беса, Алтернатива и Самоопределување преку своите членови во Македонија.

Advertisements

„Со предлог на раководството на АА и поддршката на ЕСП, денеска ви се претставувам како кандидат за претседател на државата. Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори, но и одговорност е да се биде нивен избраник и нивна доверлива личност. Моја мисија е да бидам вашиот глас. Со почит го чекам гласот на секој од вас, затоа што дојде време земјата да има претседател Албанец, не технички туку реално“, рече Таравари

Таравари рече дека бара поддршка од сите политички партии, без разлика на нивната етничка припадност, како и од невладините и другите фактори кои сметаат дека тој може да биде вистинската личност да ја води државата.

„Бараме поддршка од сите, без исклучок, од другите политички партии без разлика на етничката припадност, бараме поддршка од невладините здруженија, различни групи граѓани, но пред се од албанскиот народ“, рече Таравари.

Тој рече дека очекува на претседателските избори да постигне одлични резултати кои ќе бидат крунисани со големата промена што ќе се случи на парламентарните избори на 8 мај.

За да ја официјализира својата кандидатура, на Таравари му требаат десет илјади потписи, кои верува дека ќе ги собере за многу кратко време.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button