ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Државниот грб да се менува во пакет со други отворени прашања

Таравари: Државниот грб да се менува во пакет со други отворени прашања

Арбен Таравари од ВЛЕН нагласува дека прашањето за државниот грб треба да се реши, но тоа да се направи во пакет со други отворени прашања како химната и отстранувањето на формулацијата од 20 проценти во Уставот.

Advertisements

„Се уште не сме ја отвориле оваа тема, но има многу неотворени теми во последните 30 години во Македонија. Мислам дека е време да се отворат некои прашања и да се решат, еднаш засекогаш. Мислам дека има повеќе теми. Непобитен факт е дека грбот и химната се меѓу ретките во постсоцијалистичките и посткомунистичките земји каде не се сменети. Значи, ние сме подготвени, зборувам во име на ВЛЕН, да ги отвориме овие разговори, но да ги решиме како пакет, некои прашања кои се нерешени со години. Тука мислам на химната,грбот, 20% во Уставот и многу други теми”, рече Арбен Таравари, ВЛЕН.

Вицепремиерот Изет Меџити синоќа изјави дека нема табу тема, но се уште нема договор. Според него, тој смета дека покрај договорот за грбот мора да се решат и други отворени прашања.

„Немаме договор, додека начелно зборуваме за сите отворени прашања. Очигледно е и никој не може да оспори дека и грбот и химната потекнуваат од комунистичката ера, не ја отсликуваат соодветно реалноста. Прашањето за албанскиот јазик е исто така отворено прашање и сите знаеме дека 20% се погрдни за втората заедница во државата, но тоа се разговори, немаме договор. Ние сме посветени на спроведување на владината програма која има столбови„, нагласи Изет Меџити, вицепремиер.

СДСМ излезе со став дека е против промена на државниот грб и државната химна. Претседателот на партијата Венко Филипче истакна дека остро ќе се спротивстават .Премиерот Христијан Мицкоски државниот грб претходно го нарече постсоцијалистички и потврди дека ова прашање е отворено. Иницијативата за промена на грбот пропадна во 2014 година и покрај напорите на ДУИ да им наметне на Албанците промена на грбот на Македонија, според желбата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски. Новиот грб жолтиот лав кој стои на две нозе, што е идентично со логото на ВМРО – не беше проблем за тогашната владејачка партија, која дури образложуваше дека лавот е и албански симбол и дека се употребува во општина Драч./АЛсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button