ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари ги критикува функционерите на својата партија кои го напуштија во последните денови

Таравари ги критикува функционерите на својата партија кои го напуштија во последните денови

Претседателот на Алијанса за албанците, Арбен Таравари, упати критички пораки до членовите на својата партија кои го напуштија во текот на преминот кон опозиција. Повикувајќи се на некои од нив кои тврдат дека го следат патот на Арбен Џафери, Таравари напиша:

Advertisements

“Патот на Арбен Џафери не минува низ Влада што те нарекува 20%. Патот на Промената не минува преку закани со затвори за Албанците! Патот на Промената не минува преку продажба на пратеничко место за да станеш амбасадор во Арабија. Патот на Достоинството не минува преку напуштање на партијата за едно министерско столче.”

Сепак, Таравари немаше проблем со терминот „20%“ кога тој и неговите функционери станаа дел од Владата. Решавањето на тоа прашање не беше ниту во владината програма во која тие учествуваа 11 месеци. Тој изјавуваше дека прашањето треба да се отвори при уставни измени, но не го постави како услов за влез во коалиција со Мицкоски.

„Мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш досега немало толку коректен однос со коалициските партнери. Ова е супер коректно, ако сум искрен до крај. Односот со премиерот е целосно коректен, и тоа го велам насекаде – од Приштина до Тирана“, рече Арбен Таравари.

Оваа изјава е од крајот на март, кога Таравари веќе почна да ги критикува албанските партнери во владата. На последната одлука за напуштање на Владата на 12 мај, тој не беше придружен од вицепремиерот Арбен Фетаи и пратеникот Сулејмани, кои исто така се таргетирани во неговиот денешен статус.

На прашање за тие што постепено го напуштаат, Таравари во еден момент изјави дека се унифицирани:

„Со Арбен Фетаи вчера се сретнавме, денеска се слушнавме. Се е во ред. Со Салим бевме на ручек, мајка му е болна, отиде во Струга, имаше семејни проблеми“, додаде Арбен Таравари.

Но, неофицијално, Фетаи во тој момент бил со активисти во Куманово.
Иако во статусот вели дека „Патот на достоинството не минува преку напуштање на партијата за министерско столче“, Таравари самиот ја подели Алијансата токму за да влезе во власт./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

 

 

 

 

ВЛЕН верува дека Таравари ќе го напуштат и други функционери во наредниот период. Според нив, револтот кај членството е голем. За време на викендот се изјаснија вицепремиерот Фетаи, пратеникот Салим Сулејмани и поранешниот министер за администрација Азир Алиу.
Луме 1
ВЛЕН очекува трендот на напуштање на Таравари од страна на поддржувачите на неговата партија да продолжи. Овој став доаѓа еден ден по најавата на пратеникот Сулејмани за оставка од функциите во АА и од пратеничката функција.
Орхан Муртезани, ВЛЕН
„Сите овие случувања во АА на Таравари се знак дека решителноста и подготвеноста на структурите е поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети, отколку пресметките на Таравари. Според нашите информации, ова ќе продолжи, револтот кај поддржувачите и симпатизерите е голем. Да почекаме неколку дена, но верувам дека овој тренд ќе продолжи.“
Пред еден ден се огласи и вицепремиерот Арбен Фетаи. Тој го увери членството дека патот на АА не поминува низ Ахмети.
Арбен Фетаи, вицепремиер
„Нема да и дозволиме на ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие треба да се соочат со вистините кои ги избегнуваат две децении. Овде не станува збор за индивидуи. Овде станува збор за нашето колективно достоинство. Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата која не се предава. Кoja не се продава. Koja не се плаши. Ние сме гласот на патот на Арбен. И тој пат никогаш не води кон Али Ахмети, ниту кон некој што не им мисли добро на Албанците.“
Ставот на Фетаи сепак останува нејасен – дали ќе продолжи да биде дел од Алијанса, дел од ВЛЕН или можеби од некоја трета потенцијална алијанса.
Пред два дена, Таравари го напушти и поранешниот министер за администрација Азир Алиу, кој потврди дека останува во ВЛЕН.
Како реакција на сите овие случувања, Таравари кратко напиша дека власта доаѓа од народот и дека октомвриските избори се многу блиску

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button