Таравари го иронизира Стратешкиот совет: Недостасуваат имиња како Латас и Миленко Неделковски

Високиот официјален претставник на Алијанса за Албанците, Арбен Травари, коментирајќи го списокот со имиња на Стратешкиот совет за надворешна политика, рече дека на оваа листа, за да биде целосна, недостасуваат имиња како Латас и Миленко Неделковски. Таравари дури го праша министерот за надворешни работи, Бујар Османи како е можно Валентина Божиновска да најде место во овој Совет, кога е познат нејзиниот пристап кон Албанците.
„Постојат причини за Серѓан Керим, но јас не знам за Валентина Божиновска, навистина немам претстава зошто, тука веќе недостасуваат Латас и Миленко Неделковски и мирот треба да се заврши како што треба. Од Албанците читам некои имиња, секоја почит кон сето тоа што е избрано, но не гледам некој што има надлежности за надворешна политика. Сепак, има 5-6 имиња од вкупно 26 имиња. Не го знам образложението за Валентина Божиновска, го прашувам Бујар да објасни зошто. Каде се надлежностите како е избрана Валентина Божиновска, знаејќи го нејзиниот негативен пристап кон Албанците“, рече Таравари.