ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари го избегна прашањето за негово можно напуштање на коалицијата ВЛЕН

По информациите што ги објави Алсат во врска со судирот на лидерот на АА со другите лидери на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари денес го избегна прашањето во врска со неговото евентуално напуштање на коалицијата. Тој не даде објаснување ниту за барањето да добие 40% од кандидатите за општини на изборите во октомври. Според Таравари, состојбата во коалицијата ВЛЕН е релативно стабилна.
„Ова е ирелевантно за темата што ја дискутираме денес, разговорите меѓу коалициите се политички теми. Јас мислам дека денес повеќе сум фокусиран на темата здравство. Во коалицијата ВЛЕН состојбата е релативно стабилна, а и во владината коалиција сè е во ред до сега“, рече Таравари.