Таравари го оценува јавното здравство со осумка и смета дека тоа може уште да се подобри
Таравари го оценува јавното здравство со осумка и смета дека тоа може уште да се подобри

Министерот за здравство Арбен Таравари од 5 до 10 јавното здравство во земјава го оцени со оценка 8 за годината што ја оставаме зад нас. Таравари рече дека има уште многу да се направи за да се обезбедат подобри здравствени услуги на граѓаните. Меѓу приоритетите што мора да се направат во наредната година, Таравари го спомена почетокот на градежните работи во болницата во Кичево и Штип. Исто така, министерот Таравари потсети дека е обезбеден буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти за кои конкурсот ќе биде објавен на почетокот на следната година. Како загрижувачко прашање, Таравари го истакна недостигот од матични лекари кои и покрај соодветните услови кои им се нудат, голем дел од нив не сакаат да работат во земјава.
„Она што ние како Влада можеме да го направиме е да ги подобриме условите и тоа постојано го правиме. Неслучајно ќе се вработат 600 специјализанти, новиот колективен договор за месец април следната година ќе размислуваме да ги зголемиме бодовите за докторите по семејна медицина за да се мотивираат, да останат тука и да го дадат својот максимум како здравствени работници . Ова можеме да го направиме како министер за здравство и како Влада, другото не зависи од нас. Оние кои решиле да ја напуштат државата, за жал, им даваме подобри услови, но не можеме со сила да ги задржиме овде“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Од друга страна, на Клиниката за психијатрија отворена е ординација за пациенти кои имаат проблеми со коцкање, зависност од интернет и злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци. При промоцијата на реконструкцијата на дел од оваа клиника, директорката Славица Арсова нагласи дека новите услови ќе овозможат квалитетна здравствена заштита на пациентите.
Покрај на Клиниката за психијатрија, министерот Таравари најави дека во текот на 2025 година се очекува да се изврши реконструкција и во многу други болници низ цела Македонија. Во меѓувреме, до јуни наредната година Таравари најави изградба на катни гаражи во центарот на клиниките.
Мелихате Рустеми