ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: Градоначалникот може да го разреши само народот

Таравари: Градоначалникот може да го разреши само народот

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по парламентарните избори го напушти раководството на општина Гостивар, не се согласува со идејата на првиот човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој рече дека треба да има механизам за разрешување на градоначалникот на општината доколку се констатираат прекршоци. Таравари вели дека оваа идеја Ѓорѓиевски ја имал за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која ја нарече најнеуспешната во историјата. Таравари вели дека градоначалникот може да го разреши само народот.

Advertisements

„Не се согласувам, затоа што градоначалникот на општината се избира директно од граѓаните. Сега предложивме измени на законот за локална самоуправа како ВРЕДИ. И во случаи како што имаме сега, на пример предвремени избори да се одржуваат во декември и пак во октомври, мислам дека е ирационално. Инаку, да се земе мандатот на градоначалникот што го избра народот, мислам дека е погрешно. Народот никогаш не греши“, рече Арбен Таравари./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button