Таравари: Изјавата и реакциите на Меџити се непромислени и емотивни

Министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, коментирајќи ја изјавата на Изет Меџити дека Таравари не може да работи и со ДУИ и со Владата, рече дека тоа се непромислени и емотивни изјави. Сепак, Тарвари изјави дека тоа го кажува во својство на политичар, а не на невролог, пишува Алсат.
„АА ќе излезе со посебни листи и е подготвена да соработува со партиите кои сега се во ВЛЕН. Не сакам да ги коментирам, гледам дека се многу лути, многу нервозни и сакам овој период да го поминам мирно, мудро, трпеливо и да ги донесам најдобрите можни одлуки кои се за општеството и за граѓаните кои живеат во Македонија… Сѐ уште не сме решиле принципиелно да разговараме со ниедна партија. Оставивме можност и за ВЛЕН, ако се заинтересирани, гледам дека сега реагираат емотивно, но се надевам дека ќе помине овој период на емоции, ако не се подготвени, ќе ги разгледаме опциите за да можеме како партија што е можно подобро на локалните избори“, рече Таравари.