ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари ја менува реториката, на 6 април одлука дали останува со ВЛЕН и на локалните избори

„Ни ваму, ни таму“. Арбен Таравари од Алијанса за Албанците се уште не го кажува последниот збор дали ќе продолжи да биде во ВЛЕН или не, барем до 6 април. Но, тој не негира контакти и разговори со ДУИ и нејзиниот лидер. АЛСАТ од извори од двата табора дознава дека 40-минутen разговор го натерал Таравари да се поколеба во убедувањата против ДУИ  кои до вчера, толку фанатично ги бранеше . Последната изјава за соработка, конкретизирана во вчерашното интервју, предизвика реакции на  социјалните мрежи од страна на активисти и политички аналитичари. Таравари претходно велеше дека ДУИ им е заеднички непријател, и ја нарекуваше рак на општеството. Исто така, тој велеше и дека ДУИ била главна причина за поделбата на Алијанса за Албанците , кога на последните парламентарни избори Зијадин Села застана на страната на Али Ахмети, чин што самиот Таравари го опиша како предавство. Таравари утехата ја изнајде во поговорка „подобро ужасен крај отколку ужас без крај“.

Advertisements

„За момент имавме различни мислења. Има една поговорка која вели: „подобро добра разделба отколку лош соживот“ Мислеше дека ние како партија треба да му се придружиме на Али Ахмети, јас мислев како поранешен член на ДПА и основач на Движење за реформи-ДПА, таа фракција што ја водеше Зијадин, дека треба да бидеме партија што треба да го смени Али Ахмети“, велеше Таравари.

Што се однесува до ВЛЕН, за кој Таравари денеска вели дека нема хармонија, тој пред една година зборуваше со пофалби за оваа коалиција и со суперлативи, а за  ДУИ како корумпирана сила.

„ВЛЕН во Влада – затоа што ова е најдобрата гаранција за американските и европските партнери. Корумпирана сила како ДУИ не може ништо да гарантира, затоа што секогаш ја купуваат македонските партии за секоја агенда, додека ВЛЕН гарантира недопирливост на западната ориентација на државата“, кажа тој.

Со истата реторика кон ДУИ, Таравари продолжи и понатаму, се додека не се отвори темата за локалните избори, кога  ја трансформира во можна опција за соработка со ДУИ. Таравари на 30 јануари годинава побара од пратениците на ДУИ да го реформатираат начинот на кој ги перципираат работите, бидејќи никој не сака да соработува со нив и сите се дистанцираат. Додека сега го критикува ВЛЕН за лошите резултати во анкетите, тогаш, врз основа на истите анкети со разлика од само 2 месеци, Таравари истото го кажа и за ДУИ.

„Ако го оставиме настрана менталитетот на господинот Ахмети и менталитетот што го имате вие ​​како ДУИ,  ви велам, ви треба „ресетирање“. Треба да го смените начинот на кој ги перципирате работите. Не оди. Гледате, сите се оградија од вас. Меѓународниот фактор се огради, ВМРО се огради, СДСМ се оградија од вас, се срамат да кажат дека соработувале со ДУИ, дали го имате предвид, дали се гледате себеси? Со кого соработувате овде? Дали имате релевантен фактор со кој соработувате? Со ниеден. Со кој народ Арбана? Еве ја анкетата, дали ги гледате анкетите каде сте. Гледајте, анализирајте се, имате проблем со себе, ова го велам со најголема сериозност“, кажа Таравари.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button