ВЕСТИ
Таравари: Ќе дадеме се од себе да го отстраниме 20%

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека неговата партија како дел од Владата е посветена на отстранување на 20 отсто од Уставот. Според него, сегашниот предлог на Владата не вклучува бришење на дефиницијата од 20 отсто, но како што вели „ќе се потрудиме да ја тргнеме од Уставот“.
Владата има право во секое време да го промени и да донесе друг предлог до Собранието“, изјави Таравари.
Според информациите на Алсат, предлогот на Владата во моментов е во Секретаријатот за законодавство, додека конечната верзија се очекува да биде објавена следната недела.