МАКЕДОНИЈА
Таравари ќе ги посети пациентите во Софија и Солун

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе ги посети пациентите што беа пренесени во болниците во Софија и во Солун.
Тој додаде дека, според информациите што ги имаат, сите пациенти се надвор од животна опасност.
„Сепак да бидеме максимално внимателни и да им се даде макимална медицинска поддршка. тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите што ни се пријатели и сакаат да ни помагаат и ќе прифаќаат нашите пациенти ќе дадат максимум од себе“, рече тој на попладневната прес-конференција од пред Клиниката за пластична хирургија.